Откако поранешниот министер за одбрана Марио Баножиќ беше експресно разрешен од функцијата, хрватскиот премиер Пленковиќ изјави дека уште од утре ќе започнат консултации за тоа кој ќе го наследи.
- Дали треба да се откажете од леб ако сакате да ослабете? Научниците имаат одговор
- Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред изборите, Белата куќа ги демантира разговорите
- Решавање на проблемот со кучињата скитници, изградбата на паркинг-простор: Стаменкоска-Трајкоска на работна средба со жителите на Пржино
- Лимани: Општина Гостивар ќе додели 100 ваучери за бесплатна мамографија во рамки на „Розов октомври“
- Меси избра десет таленти кои ќе ја одбележат иднината на фудбалот, Мастантуон го нема на списокот
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот министер за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ, кој вчера утрината предизвика сообраќајна несреќа во која животот го загуби 40-годишен возач, додека тој самиот се здоби со тешки телесни повреди на мозокот и главата. Се уште не е познато со која брзина се движело возилото на Баножиќ, а се чекаат и податоците за тоа дали во крвта или урината имало алкохол. Тој моментално е на лечење во одделот за интензивна нега во Осиек, во стабилна состојба и надвор од животна опасност, но и понатаму не се сеќава на несреќата.
„Можам да кажам дека ситуацијата е стабилна. Тој е надвор од животна опасност, но и понатаму сме претпазливи поради повредите на вратот и тежината на повредите кои тој ги добил. Новите наоди од утринава не покажуваат никакви знаци на прогресија на повредите. Тој и понатаму не е целосно свесен, со него може да се комуницира, но не е при целосна свест“, изјави началникот на болницата во Осиек, Крунослав Шего.
Неколку часа по несреќата, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го разреши Баножиќ од функцијата и соопшти дека веќе од утре ќе започнат консултациите за избор на нов министер.
Пронајдете не на следниве мрежи:



