ГЕРМАНИЈА: Се борел со полицијата 34 часа! Граѓанин на Рајхот и обожавател на Сталин пронајден мртов!

Маж од градот Миловер Ленд во германската покраина Бранденбург почина по речиси 35-часовна полициска опсада на неговиот дом. Во операцијата учествуваа 80 специјалци. Германските медиуми пишуваат дека стрелецот се сметал себеси за државјанин на германскиот Рајх и дека бил обожавател на Јосиф Сталин.
Според првичните информации, полицијата прво пристигнала во неговата куќа за да ја изврши одлуката на окружниот суд бидејќи тој одбил да го запише детето на училиште. Потоа се забарикадирал во сопствената куќа и 34 часа се бранел од полицијата. Кога полицајците конечно влегле во зградата, човекот веќе бил мртов. За време на опсадата во куќата биле неговиот брат, поранешната сопруга и синот.

Како што пренесува Билд, се уште не е јасно како мажот починал, дали бил застрелан од полицијата или се самоубил.

Засега е познато дека тој на 10 ноември се забарикадирал во својата куќа и со автомат отворил оган врз полицајците кои дошле да ја извршат одлуката на Окружниот суд. Напаѓачот се заканил дека ќе ја разнесе зградата доколку полицијата нападне. Полицијата постави барикади околу местото на престрелката. Градот Миловер Ленд се наоѓа приближно 20 километри северозападно од Бранденбург ан дер Хавел.

Драмата траеше повеќе од ден и пол! Најпрво од зградата излегол маж и веднаш бил приведен. Подоцна се покажа дека тоа е братот на напаѓачот. Окружниот суд во Потсдам издаде налог за негово апсење, а осомничениот е одведен во затворот Вризен.

Во вечерните часови на 11 ноември жената и нејзиното дете успеале да излезат од куќата. По полноќ на вратата се појавила поранешната сопруга на стрелецот која го предала синот во Одделението за млади. Во тој момент криминалецот почнал да пука, но никого не повредил.

Триесет и два часа по опсадата, полицијата сè уште се обидуваше да го совлада човекот. Таа играше на врфеме, верувајќи дека „стрелецот во одреден момент ќе се измори“. Следниот ден околу пладне во куќата одекнала експлозија. Како дошло до детонацијата останува нејасно, пишуваат медиумите. Полицијата потоа влегла во зградата и го пронашла осомничениот мртов.

Како што пренесува Фокус, повикувајќи се на органите на прогонот, во куќата е пронајдено огнено оружје, муниција и рачна бомба. Медиумите објавија дека насилникот живеел во куќата со сопругата и трите деца. Во градот, семејството е опишано како „пријателско и отворено“.

  • Познавам човек, живеам на 20 метри од него. Тој живееше тука неколку години, секогаш беше пријателски расположен и никогаш не се истакнуваше по ништо непријатно. Партнерката му раскинала и ги земала децата со себе – рекол еден од жителите на овој град.
    Според Тагесшау, канцеларијата за млади се заинтересирала за семејството бидејќи мажот наводно одбил да го запише детето на училиште. Полицијата дошла во нивната куќа по налог на Окружниот суд.

Радио РББ јави дека починатиот бил од Рајхсбург. Припадниците на ова националистичко движење не го признаваат легитимитетот на Сојузна Република Германија и се сметаат себеси за граѓани на германскиот Рајх. Новинарот на АРД и ЗДФ Ларс Винкелсдорф на социјалните мрежи напиша дека стрелецот има „слабост кон Сталин и Русија поради неговото потекло“.

(ВЕЛТ)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.