Актерот Жарко Лаушевиќ почина денеска на 63-годишна возраст, а пред месеци се пишуваше за тешката болест со која се борел.
Како што се шпекулираше, на Жарко му бил дијагностициран рак на белите дробови, поради што пред три месеци бил хоспитализиран во болницата „Бежанијска коса“.
- Дали треба да се откажете од леб ако сакате да ослабете? Научниците имаат одговор
- Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред изборите, Белата куќа ги демантира разговорите
- Решавање на проблемот со кучињата скитници, изградбата на паркинг-простор: Стаменкоска-Трајкоска на работна средба со жителите на Пржино
- Лимани: Општина Гостивар ќе додели 100 ваучери за бесплатна мамографија во рамки на „Розов октомври“
- Меси избра десет таленти кои ќе ја одбележат иднината на фудбалот, Мастантуон го нема на списокот
Жарко последниве месеци редовно одеше на терапија, но болеста завладеа. Неговото семејство ги чувало информациите за болеста на ЖАРКО во тајност, но се дознало кога тој неодамна се разболел.
Режисерот Милан Караџиќ, кој последен пат соработуваше со Лаушевиќ во серијата „Калкански кругови“, тогаш проговори за состојбата на актерот:
- Ги сними горе-долу сите негови сцени, малку остана. Инаку, тој заврши одлична работа, презадоволни сме од сработеното, тој е маестрален актер – изјави за Новости по хоспитализацијата Милан Караџиќ, режисерот на серијата.



