Дејвид Камерон, новоименуваниот шеф на британската дипломатија , денеска во Киев му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Велика Британија ќе продолжи да дава воена поддршка за Украина.
- Зошто не можете да престанете да мислите на поранешниот партнер иако вашата врска била лоша
- Се оженил на 19 години, ѝ купил остров и страдал за овој човек до крајот на животот: Брандо се сметал за најголем љубовник во Холивуд, а секоја љубов завршувала насилно (фото)
- Министрите за енергетика на ЕУ на состанок во Ирска: гасот поскапува, се разгледуваат мерки за штедење
- Главните карактеристики на секој хороскопски знак
- Кремаст десерт во кој многумина ќе уживаат: Направете неодолив колач од чоколадо и ванила
Пристигнувањето на Камерон во Киев е негово прво патување во странство од неговото назначување за министер за надворешни работи.
– Сакав ова да биде моја прва посета. Ќе продолжиме да ви даваме морална, дипломатска, економска, но пред се воена поддршка што ви е потребна не само оваа и следната година, туку се додека е потребна – рече Камерон на средбата со Зеленски, соопштија од украинското претседателство.
Володимир Зеленски, Дејвид Камерон
Зеленски му се заблагодари на Камерон за неговата посета.
– Ви благодариме што дојдовте, ова е многу важно. Светот не е фокусиран на ситуацијата на бојното поле во Украина… поради кризата на Блискиот Исток – рече Зеленски.
Тој изјави дека на состанокот со британската делегација се зборувало за „доставување оружје на фронтот, зајакнување на воздушната одбрана, заштита на украинското население и основната инфраструктура“.
Пронајдете не на следниве мрежи:



