Младата Кинеска по име Џенг Ксијангксианг има повеќе од 530 милиони следбеници на популарната платформа Douyin, а неодамна се најде во центарот на вниманието на медиумите.
Таа за седум дена продала повеќе од 10 милиони производи благодарение на нејзината необична тактика пред камерите. Вкупната добивка се верува дека е 12,6 милиони евра!
- Во Москва се стравува од украинските дронови: Откажан е голем воено-музички фестивал на Црвениот плоштад
- Тие сакаат мир и тишина: Трите најголеми интроверти во зодијакот
- Што се случува со црниот дроб кога јадете јајца?
- ВЛЕН: Се подобрува клучниот фактор – се намалува инфлацијата
- Вечерва 13-то прскање против комарци во Скопје, а инфективна полна со пациенти со западнонилска треска
Која е нејзината тајна? Џенг го претставува секој производ во рок од две до три секунди, како на подвижна лента, пренесува Yahoo News .
Со други зборови, потенцијалните клиенти добиваат малку информации за производот.
Претежно се работи за евтини предмети, чевли, облека, закачалки и други предмети за домаќинството, чии цени се движат од три до 11 долари.
Не е познато кога девојката ја направила неверојатната продажба, но платформата Douyin оттогаш ги промени своите правила, конкретно забранувајќи ја онлајн продажбата со малку или никакви информации за производот.
Се нагласува дека прекршувањето на правилата, кои стапија на сила на 27 октомври, може да резултира со парична казна и блокирање на сметката.
На други платформи се појавија видеа од Џенг како ги презентира производите и не се сите воодушевени.
Така, еден корисник на Јутјуб коментирал дека не ја гледа јасно облеката, бидејќи „само дел е изваден“ од кутијата.
„Дали некој навистина го купува ова?“, праша тој.
Пронајдете не на следниве мрежи:



