Најскапото виски во светот чини неверојатни 2,5 милиони евра

Рекордот за најскапо шише виски во светот е соборен откако шише Macallan од 1926 година беше продадено за неверојатни 2,5 милиони евра на аукција на Sotheby’s аукциската куќа во Лондон.

„Вкусив капка од ова виски. Богато е со сушено овошје, има пиперкаст и ‘дрвенест’ вкус“, изјави Џони Фаул од споменатата аукциска куќа.

Тој додаде дека 60 години било чувано во дабови буриња, што се одразило на неговата боја. Сликата на шишето ја нацртал италијанскиот сликар Валерио Адами.

„Macallan 1926 е вискито што секој аукционер сака да го продаде и секој колекционер сака да го поседува“, рече Фаул.

Најскапото виски во светот чини неверојатни 2,5 милиони евра

Експертот за виски од Macallan, Кирстин Кембел, рече дека е многу посебен момент да се присуствува на отворањето на ова шише. Се надева дека новиот сопственик ужива во оваа привилегија.

Има вкупно 12 шишиња виски Macallan од 1926 година. Едно беше скршено во земјотресот во Јапонија во 2011 година, а се верува дека уште најмалку едно било отворено и скршено.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.