Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската разузнавачка служба спречила најмалку пет или шест обиди за атентат врз него, што ги спореди со пандемијата на Ковид-19, пишува британски Сан.
- СДСМ: Поради загадената вода во Гостивар казнети се бизниси што не се виновни
- Еврото чека нови членки: Вратата за еврозоната е отворена, но под еден услов
- Куба: Ако Америка нè нападне, нема да им биде лесно
- Избрана најповолна понуда за 150 електрични автобуси: Условите ги исполниле две компании, најниска цена понудиле „IKARUS Electric“ и EVN
- ЦУК: Водата во Крушево да не се пие, за готвење и миење да се преврива најмалку 10 минути
-Прво, луѓето не знаат што да прават со тоа и изгледа многу страшно. А потоа, тоа се само разузнавачки податоци во кои ви даваат детали дека друга група дошла во Украина да го проба истото, додаде Зеленски.
На првиот ден од руската инвазија, руските специјалци со падобранци се спуштиле во Киев, наводно со намера да го убијат украинскиот претседател. Западните власти потоа понудија да го изнесат Зеленски од главниот град, што тој го одби, велејќи дека му треба муниција, а не транспорт.
Зеленски додаде дека Русија има нов план за негово соборување од власта и дека Москва очекува тој да биде спроведен до крајот на годината. Претседателот на Украина веќе кажа дека е запознаен со наводното име на операцијата -„Мајдан 3“ и дека е можно Москва овој пат да не планира атентат, туку потенцијално да употреби други методи.
Пронајдете не на следниве мрежи:



