Москва денеска соопшти дека неутрализирала четири дронови на украинската морнарица во Црното Море кои се движеле кон Крим, како и три воздушни беспилотни летала над тој полуостров.
„Четири чамци без екипаж кои се движеле кон полуостровот Крим се откриени во западниот дел на Црното Море“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
- Стеф Кари стана најплатен играч во историјата на НБА
- Големо откритие за Бик, може да дознае за измама
- Девет лица се уапсени под сомнение за воени злосторства во Косово
- (Фото) Вандализирано детско игралиште во Карпош 1
- Во текот на зимскиот период на подготовка, направете пиперки полнети со зелка: Омилена салата со многу јадења
„Сите откриени цели се уништени, изјави изворот.
Дополнително, руската противвоздушна одбрана уништи три украински беспилотни летала над Крим, се вели во одвоеното соопштение на Министерството во кое се осудува „терористичкиот напад на режимот во Киев“.
Нападите со поморски или воздушни беспилотни летала се вообичаени во Украина и се зголемени од ова лето, кога Киев започна контраофанзива.
Москва на почетокот на септември соопшти дека спречила напад со дрон насочен кон мостот што ги поврзува Русија и Крим.
Русија го анектираше Крим во 2014 година, а мостот беше оштетен двапати од почетокот на руската офанзива во февруари 2022 година.
Пронајдете не на следниве мрежи:



