Зимата стина во Србија – следни сме ние? – Во западните делови падна првиот снег, во Ужице и Ивањица има и до 10 см снежна покривка

Во западните делови од Србија денеска падна првиот снег, а во Ужице и Ивањица има пет до десет сантиметри снежна покривка.

Покрај Ужице и Ивањица, снег падна и во Сјеница, какао и на планината Златар кај Нова Варош, а како што е најавено, на високите планини на југозападна и јужна Србија дождот кој утрово паѓа, во вечерните часови за кратко време ќе прерасне во снег.

Според прогнозата во Србија, во сабота ќе биде облачно со врнежи од дожд, во ридско-планинските предели со снег. Во текот на денот врнежите од дожд ќе преминуваат во снег во пониските предели на западна, јужна и југоисточна Србија, во текот на вечерта во централните предели, додека во исто време врнежите ќе престанат во Војводина.

Според моменталната временска прогноза, во недела во сите региони во Србија ќе има вистинско зимско време.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.