Мистериозна болест се шири во Кина, најзагрозени се децата. Поради порастот на заболени деца, наставата во многу училишта е откажана. Болеста предизвикува страв кај населението и го вклучи алармот кај здравствените власти.
Светската здравствена организација (СЗО) побара од Пекинг детални информации за порастот на „недијагностицираните респираторни заболувања“ кај кинеските деца, пренесува германски Билд. СЗО го повика кинеското население да преземе „мерки за намалување на ризикот“, додава Билд.
- Љутков од Брисел: Македонската култура силно одекна во срцето на Европа
- По години застој, мостот што ќе ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба наскоро во функција
- НЕ ЗНАЕ КОЛКУ НЕДВИЖНОСТИ ИМА, А КУЌАТА ВО КОЈА РАСТЕЛА СЕ РАСПАЃА: Мештаните зборуваат за Весна, ваква ја познаваат
- Возач на камион од Македонија загина во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска
- Рекорден „Генералка викенд“ — десетици илјади волонтери ќе чистат на 500 локации во државата
Информациите дека детските болници во северните делови на земјата се полни со болни деца од октомври, ја објавија кинеските независни медиуми, но властите одговорија дека станува збор за „ширење на познати патогени, како што се грипот и бактериските инфекции, поради укинување на рестрикциите воведени поради ширењето на корона вирусот“.
Се чини дека ситуацијата се влошува, па глобалниот систем за следење на епидемијата „Промед“ предупредува на епидемија на „недијагностицирана пневмонија“ кај децата.
„Овој извештај укажува на широко распространета појава на недијагностицирана пневмонија. Воопшто не е јасно кога започнала оваа епидемија, бидејќи би било невообичаено толку многу деца да бидат погодени толку брзо“ – пишува во извештајот на Промед, пренесува Билд.
Најновото предупредување се заснова на извештаите за преполни болници во Пекинг и североисточниот дел на Лиаонинг, како и во крајбрежниот град Ксијамен.
Наставата е откажана во многу училишта, бидејќи не само учениците, туку и наставниците се разболеле од пневмонија.
Пронајдете не на следниве мрежи:



