Се ближи Новата 2024 година, а меѓу важните астролошки соѕвездија треба да ги споменеме Сатурн во Риби, Плутон во Водолија, но и Јупитер кој по 12 години влегува во знакот Близнаци.
- Висока загаденост на воздухот во Македонија: Во Кичево девет пати над дозволеното
- Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради
- Македонски автобус се излизга на автопатот Ниш-Белград кај Појате, нема повредени
- Путин потпиша закон : Забранета е јавна пропаганда на идеологијата на животот без деца
- Американски инвеститор размислува да го преземе „Северен тек 2“
Јупитер по 12 години влегува во Близнаците на 26 мај 2024 година, што значи дека тркалото на среќата се врти, а овој знак ќе биде еден од најсреќните и најуспешните во наредниот период.
Јупитер поминува околу една година во секој знак од Зодијакот, што значи дека последен пат бил во Близнаци од мај 2012 до мај 2013 година.
Кога Јупитер е во Близнаци, акцентот е ставен на интелектуалниот раст, комуникацијата и ширењето на знаењето. Близнаците се познати по нивната љубопитност и желба за учење, а Јупитер ја засилува таа енергија.
Ова е време кога новите идеи, информации и можности за подобрување се лесно достапни. Комуникацијата може да стане жива и динамична, а луѓето се повеќе склони кон размена на идеи и патување и физички и психички.
Јупитер во Близнаци ги поттикнува луѓето да истражуваат различни перспективи, да научат нови вештини и да ги прошират своите хоризонти. Ова е поволен период за образование, пишување, учење јазик или запознавање нови луѓе. Исто така, поттикнува социјални активности, споделување информации и разговори кои можат да бидат многу инспиративни.
Близнаците ќе работат на подобрување на имиџот во јавноста, а многу од нив ќе се заљубат во 2024 година како што не се заљубиле долго време. Одлична година за зголемување на заработката, но и за добивање шанси кои човек може да ги добие еднаш во 12 години.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.