СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА КИМ: Се појавија детали за заговорот, убијци чекаа во Владивосток, трагите водат до ЗАКОЛНАТИ НЕПРИЈАТЕЛИ

Американскиот портал Дејли Бист го потврди постоењето на планови за атентат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, од кои барем еден бил финансиран од јужнокорејското разузнавање.

Јувентус по 15-ти пат го освои италијанскиот куп
Фудбалерите на Јувентус го освоија овосезонскиот Куп на Италија, во финалниот натпревар одигран на Олимпискиот стадион во Рим, торинскaта „Стара дама“ ја совлада Аталанта со 1:0. Финалето беше решено …
(Видео) Министерката за здравство на Словачка: Премиерот Фицо уште е во критична состојба
Премиерот Роберт Фицо е во рацете на врвни кадри кои се грижат за неговото здравје, соопшти вечерва на брифинг со новинарите министерката за здравство Зузана Долинкова. Воедно, таа им …

„Дејли бист“, повикувајќи се на извори, објави дека постоел план за соборување на режимот на Ким во 2017 година и дека јужнокорејската Национална разузнавачка служба им ги обезбедила потребните средства на организаторите на атентатот. Зад планот наводно стоеле генералниот директор на јужнокорејската невладина организација То Хје Јонг и Ким Сунг Ил, кој оперирал од Хабаровск. Идните убијци наводно сакале да купат оружје во Русија.

Дејли Бист пишува дека планот пропаднал и неколку организатори биле уапсени во КНДР. Севернокорејските медиуми тогаш изјавија дека има докази дека ЦИА стои зад се.

Друг извор на американскиот портал, севернокорејскиот бегалец Чанг Се Јулу, тврди дека имало повеќе планови за убиство на лидерот на КНДР. Еден од нив се однесува на атентатот на севернокорејскиот лидер за време на посетата на Владивосток, но безбедносните служби на КНДР дознале за планот, патувањето било откажано, а неколку десетици луѓе биле приведени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.