РУСКА МАНЕКЕНКА И НЕЈЗИНАТА 15-ГОДИШНА ЌЕРКА УБИЕНИ ВО БОДРУМ

Руската манекенка Ирина Двизова (42) и нејзината 15-годишна ќерка Дијана се пронајдени мртви во Турција. Како што пишува Дејли Мејл, нивните тела биле пронајдени завиткани во чаршафи во близина на луксузен хотел во популарното турско летувалиште Бодрум. Полицијата веднаш започнала истрага, а постои сомнение дека зад ова злосторство стои нејзиниот поранешен сопруг Андреј Кушлевич (45) бидејќи поранешните сопружници биле во нарушени односи и неодамна имале расправија за старателството над синот.

Во Италија запленети кокаин вреден 100 милиони евра, уапсени пет лица
Италијанската полиција заплени пакувања со кокаин тешки 540 килограми, чија вредност се проценува на повеќе од 100 милиони евра, а пет лица се уапсени, јавува АНСА. Осомничените биле на рибарски чамец и ја поседувале …
Ужас во Франција: Ги yбил своето семејство — сопругата и двете деца на возраст од една и пет години
Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност и кој одел на работа, забележал маж вооружен со нож како напаѓа минувач на улицата, соопшти ТВ БФМ. Пешакот бил повреден во раката, …

Откако го пронашла телото, полицијата почнала да трага по поранешниот сопруг на Ирина. Во вилата каде што престојувале биле пронајдени траги од крв и отпечатоци од машки чевли, а на телото на манекенката и нејзината ќерка биле пронајдени прострелни рани, што исто така е една од индициите што може да доведат до поранешниот сопруг на Ирина, кој бил обезбедување на бизнисмен од Украина.

Постои сомнени дека зад ова злосторство стоела расправија на двојката за старателството над синот Макар кој исчезнал по страшниот настан.

Турската полиција побарала помош од Интерпол за пронаоѓање на Андреј и момчето, кое наводно било со мајка му и сестра му било во Турција, а сега не се знае каде се наоѓа.

Како што пишува Дејли Мејл, Ирина неодамна почнала да работи во Бодрум како агент за недвижности, а пред тоа со години се занимавала со манекенство.

Откако извесно време не возвраќала на пораките и повиците на семејството, нејзиниот фитнес тренер отишол во вилата во која живеела на барање на семејството и открил дека вратата била насилно отворена.

Нејзината ќерка била TikToker со околу 30.000 претплатници на оваа социјална мрежа и имала намера да ги следи стапките на нејзината мајка и да стане модел. Дијана неодамна објави видео на социјалните мрежи во кое вели дека летнала во Истанбул со нејзината мајка за да го прослави својот 15-ти роденден.

Поранешниот сопруг на Ирина од претходно го бара полицијата бидејќи избегал од притвор откако бил уапсен за наводна кражба.

На овој случај реагираа и руски дипломати во Турција и се во контакт со турските власти во врска со смртта на мајката и ќерката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.