Нападот на 7 октомври беше само проба: 3астрашувачка закана на лидерот на Хамас за Израел

Масакрот на Хамас на 7 октомври беше „само проба“, се закани во четвртокот водачот на исламистичката група од Газа, Јахја Синвар, во својата прва јавна изјава откако терористичката организација масакрира повеќе од 1.000 луѓе во Израел, пренесува jns.com.

„Лидерите на Израел треба да знаат, 7 октомври беше само проба“, рекол Синвар, според весникот „Маарив“, на кој се повикува овој портал.

Разрешена Миликије Халими – директорка на „Аеродроми“
Миликије Халими е разрешена од функцијата директор на државното акционерско друштво „Аеродроми“. За нов директор е назначен Игор Трајановски.Миликије Халими беше поранешна градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, а на крајот на октомври минатата година, беше назначена за …
Српската БИА повикала студент на „пријателски разговор“ поради протестите
Ахмед Делимеѓац, адвокатот на студентот Лазар Стојаковиќ кој беше поканет на интервју во БИА, за Н1 вели дека „пријателскиот разговор е институција која не постои во ниту еден закон“.Според него, „Лазар ја прифатил поканата што ја добил од БИА“.„Со …

Најмалку 1.200 луѓе беа убиени во нападите на Хамас на 7 октомври врз израелските заедници во близина на границата со Газа. Уште 240 мажи, жени, деца и војници беа однесени во Газа како заложници.

Во понеделникот, израелските медиуми објавија дека Синвар посетил неколку заложници кои биле држени во подземен тунел во Појасот Газа. Еден од заложниците ослободен викендов рече дека Синвар им зборувал на хебрејски акцент.

Синвар беше осуден од израелскиот суд по повеќе точки од обвинението за убиство на пет доживотни затворски казни, но беше ослободен од затвор во октомври 2011 година, откако одлежа само 22 години, како дел од размената на затвореници за израелскиот војник Гилад Шалит.

По неговото ослободување, Синвар се здоби со моќ и популарност во Хамас, станувајќи негов лидер во Газа во февруари 2017 година со поразот на Исмаил Ханије на внатрешно гласање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.