РЕФЕРЕНДУМ ЗА ВОЈНА !? Латинска Америка на чекор пред крвав конфликт ?

Во Венецуела се одржува референдум за одлучување за иднината на голем дел од соседна Гвајана, за која венецуелската Влада тврди дека била украдена кога границата север-југ била исцртана пред повеќе од еден век.

Гвајана смета дека референдумот е чекор кон анексија.

Одбаната на таткото на Вања: Обвинувањата за него се неосновани, тој е жртва во оваа постапка и постапил како секој еден родител во таква ситуација
Oдбраната на таткото на Вања Ѓорчевски, Александар Ѓорчевски твди дека обвинението против него е во целост неосновано. Адвокатот Владимир Туфегџиќ, вели дека Александа е жртва во оваа постапка и дека во критичниот период постапил како секој еден …
Тепачка меѓу баба и змија хит на мрежите! Старицата го крши како од шега
На социјалните мрежи кружи видео од 85-годишна баба на која змија и се прикраде во куќата, па решила сама да ја исфрли.Конфронтацијата меѓу бабата и змијата стана вистински хит, пред се затоа што 85-годишната жена покажа храброст и умешност …

Референдумското прашање е дали Венецуелците поддржуваат формирање држава на спорната територија позната како Есекибо, давање државјанство на сегашните и идните жители на областа и отфрлање на јурисдикцијата на највисокиот суд на Обединетите нации за решавање на споровите меѓу двете јужноамерикански земји.

Меѓународниот суд на правдата во петокот и нареди на Венецуела да не презема мерки што би можеле да ја сменат контролата на Гвајана врз Есекибо, но судиите конкретно не им забранија на официјалните лица да го одржат денешниот референдум со пет прашања.

Гвајана побара од судот да и нареди на Венецуела да го прекине гласањето на референдумот.

Правните и практичните последици од референдумот остануваат нејасни, посочуваат медиумските агенции.

Територијата на Есекибо од 159.500 квадратни километри е две третини од Гвајана и исто така се граничи со Бразил, чие Министерство за одбрана на почетокот на неделава соопшти дека ги „интензивирало одбранбените акции“ и го зголемило своето воено присуство во регионот поради спорот.

Есекибо е територијално поголема од Грција и е богата со минерали.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.