БРИТАНИЈА ИСПРАЌА АВИОНИ ДА ЛЕТАТ НАД ПОЈАСОТ ГАЗА: Ќе имаат задача да ги лоцираат преостанатите заложници кои ги држи Хамас

Британски авиони ќе летаат над Израел и Појасот Газа во обид да обезбедат информации како дел од напорите за ослободување на заложниците, објави британското Министерство за одбрана.

Извидувачките авиони „нема да бидат вооружени, немаат борбена улога и единствена задача ќе им биде да ги лоцираат заложниците“, се наведува во соопштението на министерството, кое денеска го пренесоа израелските медиуми.

И покрај ветувањата, Владата не обезбедила доволно пари за инсулин
Сојузот на Здруженија на лица со дијабетес на Северна Македонија (СЗДСМ), во името на 23 локални организации на лица со дијабетес и во името на над 130.000 лица со дијабетес …
Разрешена Миликије Халими – директорка на „Аеродроми“
Миликије Халими е разрешена од функцијата директор на државното акционерско друштво „Аеродроми“. За нов директор е назначен Игор Трајановски.Миликије Халими беше поранешна градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, а …

„Само информациите поврзани со заложниците ќе бидат пренесени до надлежните органи одговорни за спасување на заложниците“, се додава во соопштението.

Министерството истакна дека британската влада „соработува со партнерите од целиот регион за да обезбеди ослободување на заложниците, вклучително и британските граѓани кои беа киднапирани“ во нападите на палестинскиот Хамас на 7 октомври.

Околу 240 заложници беа земени од јужен Израел, вклучувајќи бебиња, деца, стари лица, двојни државјани и странци.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант синоќа изјави дека се ослободени 110 заложници, најмногу за време на еднонеделното примирје кое заврши во петокот.

За еден израелски заложник, од израелските затвори беа ослободени три палестински жени и мажи.

Тој верува дека се уште има 125 израелски заложници во Појасот Газа, јавуваат израелските медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.