ИЗРАЕЛ ГИ ИЗВЕДЕ НАЈСИЛНИТЕ НАПАДИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА, БОМБАРДИРАЈЌИ ГО ЈУГОТ НА ГАЗА

Израел изврши интензивни воздушни напади врз Кан Јунис во јужниот дел на Газа, во она што жителите го опишаа како најтешкото бомбардирање во војната.

Израелската армија им порача на луѓето во источните делови на градот да се евакуираат на југ.

Израел верува дека некои лидери на Хамас се во градот, каде што многу цивили се кријат откако избегале од север.

Светската банка ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Кина во 2024 година на 4,9 отсто
Светската банка денеска ја зголеми својата прогноза за економскиот раст на Кина на 4,9 отсто во 2024 година и 4,5 отсто во 2025 година, но предупреди дека …
Европскиот фронт бара оставка од Гаши: „Како може толку ниско да падне?“
Европскиот Фронт изразува длабок револт и огорченост поради срамните и неодговорни изјави на Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во врска со статусот на албанскиот јазик во Република …

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека најмалку 193 луѓе биле убиени во последниот бран израелски напади, со што вкупниот број на загинати од нападите достигна над 15.200.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во петокот продолжија со нападите врз Газа, започнати како одговор на нападите на 7 октомври.

Израелското бомбардирање на Газа продолжи и по привремениот прекин на огнот кој заврши во петокот. ИД соопшти дека погодила повеќе од 400 „терористички цели“ на Хамас на првиот ден од обновената операција, пишува Би-Би-Си.

На брифингот во саботата вечерта, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе ја продолжи израелската воена операција додека не ги „остварат сите цели“ за елиминација на Хамас и обезбедување на ослободување на заложниците.

Кан Јунис и градот Рафа, на границата со Египет, беа меѓу местата погодени од силни воздушни напади, а следната фаза од офанзивата најверојатно ќе се фокусира на јужниот дел на Газа.

Стотици илјади Палестинци побараа засолниште во областа, откако им беше кажано да побегнат од северот на територијата, која беше главна цел на Израел во раните фази на војната.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.