Марија (13) од сигурна смрт ја спасил помладиот брат: Ја закопал снегот, а таа веќе изгубила свест и помодрела кога момчето ја нашло

Тринаесет годишната Марија од Херисау, Швајцарија, паднала во снегот кој целосно ја затрупал, а кога ја пронашле нејзиниот 11-годишен брат и родителите, таа била во несвест со помодрено лице.

За среќа помалиот брат брзо реагирал и ја спасил.

Кривичен го отфрли предлогот за мерки за претпазливост за Васко Ковачевски
Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпазливост против В.К. од 11 декември 2024 година за истрагата за предметот од Обвинителството „Адитив“, денеска по добивање на известување од надлежното …
Илон Маск повеќе не изгледа исто: Милијардерот објави фотографија од својот нов имиџ, а мрежите гореа: „Имаш доволно пари за да…” (фото)
Илон Маск ја завршува годината со остварување личните цели. Милијардерот сподели фотографија на која го покажува својот импресивен напредок во слабеењето додека внесува доза празничен дух со тоа што се облекува како Дедо Мраз.Маск на својот профил на платформата Х објави …

„Марија и Орландо правеа куќа од снег додека ние бевме во домот“, изјави мајката Фиорела за швајцарските медиуми. Во еден момент слушнале како малиот Орландо панично ги довикиува, а кога излегле надвор го затекнале како копа во снегот.

„Тоа беше борба за живот и смрт“, додала мајката.

Заедно успеале да ја пронајдат затрупаната ќерка која веќе имала помодрени усни и била без витални знаци на живот.

Веднаш ја искапеле со топла вода по што 13 годишното девојче почнало да се освестува.

„Марија немаше да биде жива доколку Орландо не реагираше толку брзо. Се можеше да заврши многу лошо“, истакна Фиорела. По оваа случка девојчето доживеало шок, но не морало да оди во болница, па веќе следниот ден била надвор со својот брат и си играла на снегот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.