Рап пејач во Грција ограбувал банкомати со експлозив, за да плати спотови

Полицијата во Грција уапси рап-уметник, обвинет дека употребил експлозив за ограбување банкомат, за да ги финансира неговите музички спотови, соопштија денеска грчките власти.

28-годишниот маж, чие име не е објавено, беше уапсен викендов заедно со уште двајца осомничени, на возраст од 26 и 27 години, откако полицијата упадна во имот во близина на Атина и претресе неколку возила, објави АП.

Во Италија запленети кокаин вреден 100 милиони евра, уапсени пет лица
Италијанската полиција заплени пакувања со кокаин тешки 540 килограми, чија вредност се проценува на повеќе од 100 милиони евра, а пет лица се уапсени, јавува АНСА. Осомничените биле на рибарски чамец и ја поседувале дрогата, која …
Ужас во Франција: Ги yбил своето семејство — сопругата и двете деца на возраст од една и пет години
Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност и кој одел на работа, забележал маж вооружен со нож како напаѓа минувач на улицата, соопшти ТВ БФМ. Пешакот бил повреден во раката, а осомничениот …

Агенцијата забележува дека во таа акција полицијата запленила 1,5 килограми експлозив, автоматска пушка М16, четири пиштоли и нешто повеќе од 200.000 евра во готовина. „Тие переле пари трошејќи огромни суми преку музичката индустрија или во казина“, изјави полицискиот бригаден генерал Јоанис Скорас, пренесуваат медиумите во регионот.

Портпаролката на полицијата Констанција Димоглиду изјави дека бандата е поврзана со 10 напади на банкомати во повеќе делови на Грција, главно на изолирани локации, а досега украла вкупно околу 710.000 евра. Тројцата осомничени се соочуваат со обвиненија за повеќекратни грабежи, недозволено поседување огнено оружје, како и поседување и употреба на експлозиви и кражба на возила, јавува Танјуг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.