ПОЧНУВА НОВА ВОЈНА? – Бразил ја распоредува Армијата на границата, а објавени се и плановите за освојување!

Бразил распоредува војници долж границата со Венецуела, откако Каракас ги објави плановите за анексија на богатиот со нафта регион Есекибо, контролиран од Гвајана, на нејзина територија.

Армијата на Бразил објави дека го зголемува присуството во регионот како дел од напорите да се „гарантира неповредливоста на територијата“, пренесоа светските медиумите, повикувајќи се на информациите оттаму.

Уживајте во сонцето, од вторник повторно дожд
Следните два дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во вторник и среда се очекува преодно наоблачување со локални врнежи од дожд, на …
Еве што ќе биде поевтино: Пониски цени на 73 прехранбени производи до 31 октомври
Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа …

Венецуела ги обнови своите претензии кон регионот Есекибо, кој е оспоруван од 19 век кога Гвајана беше британска колонија, откако пред неколку години беа откриени резерви на нафта и гас на дното на морето.

Тензиите меѓу двете земји се зголемуваат по венецуелскиот референдум одржан во неделата, на кој повеќе од 95 отсто од гласачите го поддржаа тврдењето на Владата за Есекибо.

По референдумот, венецуелскиот лидер Николас Мадуро побара од државната нафтена компанија да издаде дозволи за експлоатација во Гвајана и предложи Собранието да усвои закон со кој областа ќе стане дел од Венецуела.

Загриженоста расте во регионот, додека Гвајана ги држи своите трупи во состојба на готовност, а бразилската Армија преместува повеќе војници во пограничниот град Боа Виста, главниот град на државата Рораима, и носи повеќе вооружени возила.

Сепак, секој воен упад од страна на Венецуела ќе биде логистички предизвик, бидејќи венецуелските војници ќе мора да поминат низ бразилска територија за да влезат во Есекибо поради предизвикувачкиот терен.

Во меѓувреме, хеликоптер на Армијата на Гвајан со седум лица исчезна во средата во близина на границата со Венецуела, но началникот на Генералштабот на Гвајан, Омар Кан, кажа дека нема информации што укажуваат на тоа дека Венецуела е вмешана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.