На некогаш најскапиот фудбалер на светот му се заканува ненадеен и срамен крај на кариерата !?

Италијанските спортски обвинители побараа четиригодишна забрана за игра за францускиот играч од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, кој беше обвинет за допинг, објавија италијанските медиуми во четвртокот.

Таеквондистот Теодор Стојановски на прием кај министерот за спорт, Борко Ристовски
ЕВРОПСКИОТ ВИЦЕШАМПИОН ТЕОДОР СТОЈАНОВСКИ ДЕНЕСКА БЕШЕ НА ПРИЕМ КАЈ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски. Македонското олимписко таеквондо го води врвниот спорт во државата ! Денеска …
Фотографиите од Ким Кардашијан како заведува робот Тесла го обиколија светот: Освен што е неверојатна, сите ја открија скриената порака
Меѓународната славна личност Ким Кардашијан сподели серија фотографии на кои се гледа како се дружи со Тесла Оптимус, хуманоиден робот кој седи во сајбер такси.Провокативната фото-серија, која очигледно требаше да ја пласира нејзината линија на облекување, не и’ …

Пол Погба беше суспендиран во септември, откако на тестот на италијанската национална анти-допинг организација излезе позитивен на тестостерон, хормон кој ја зголемува издржливоста кај спортистите, а тестот беше спроведен на 20. август по победата на Јувентус од 3:0 на отворањето на сезоната во Серија А против Удинезе.

Неговиот позитивен допинг тест беше потврден во контра-анализа на друг примерок во октомври. Доколку судот го прифати барањето на обвинителот, тоа може да значи и крај на кариерата на некогаш најскапиот фудбалер на светот, кој сега има 31 година.

Да потсетиме, Пол Погба во 2016 година се пресели од Јувентус во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра обештетување, што беше најголемиот трансфер во фудбалската историја.

Пронајдете не на следниве мрежи: