ЗА ОВА Е ВИНОВЕН ВЛАДИМИР ПУТИН – Олаф Шолц остро ја обвини Русија за проблемот на Европа

ерманскиот канцелар, Олаф Шолц, тврди дека Русија предизвикала пораст на цените на гасот во Европа во 2022 година, откако претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, го прекинал снабдувањето.

Во Италија запленети кокаин вреден 100 милиони евра, уапсени пет лица
Италијанската полиција заплени пакувања со кокаин тешки 540 килограми, чија вредност се проценува на повеќе од 100 милиони евра, а пет лица се уапсени, јавува АНСА. Осомничените биле на рибарски чамец и …
Ужас во Франција: Ги yбил своето семејство — сопругата и двете деца на возраст од една и пет години
Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност и кој одел на работа, забележал маж вооружен со нож како напаѓа минувач на улицата, соопшти ТВ БФМ. Пешакот бил повреден …

„Цените на енергијата пораснаа насекаде“, посочи Олаф Шолц, говорејќи на Конгресот на Социјалдемократската партија на Германија за последиците од војната во Украина, која започна во февруари 2022 година.

Олаф Шолц тврди дека токму претседателот на Русија, Владимир Путин, ја запрел испораката на гас преку постоечкиот гасовод.

„Вкупно во Европа недостасуваа 120 милијарди кубни метри гас“, вели Олаф Шолц и заклучува дека тоа има последици по цените.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.