Македонскиот каратист Стојановиќ освои сребрен медал во У21 Светската лига

Македонскиот каратист Стефан Стојановиќ постигна голем успех на последниот турнир од серијата во Светската младинска карате лига што викендов се одржува во Венеција, освојувајќи го сребрениот медал во категоријата над 84 килограми.

Аларм на аеродромот, дел од воздушниот простор е затворен; Доаѓа нов хаос?
Русија затвора делови од својот воздушен простор поради ракетни тестови што ќе бидат извршени денеска и утре.Ова синоќа го објави Киев пост на официјалниот профил на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), повикувајќи се на руските медиуми.Се наведува …
„Англискиот сертификат на Бојан Христовски е истечен, а мојот не е“, се жали одбиена кандидатка за асистентка на Факултетот за безбедност
Нови главоболки за рецензентската комисија на Факултетот за безбедност во Скопје, каде се бира асистент по криминалистички науки. До комисијата пристигнал приговор од кандидатката за асистентка по криминалистички науки Маријана Јаковлеска, дека наводно комисијата неправилно го …

Каратистот од најтрофејниот македонски карате клуб „Макпетрол“ на патот до финалето во Светската лига за помлади сениори, ги совлада Михаил Бистричанов од Бугарија, (2-0), Амир Зуауи од Франција (3-2), Жоакин Маркез Санчез од Венцуела (1-0) и Германецот Николаи Секот (2-1). Во борбата за златниот медал, Стојановиќ минимално загуби од Украинецот Данил Касијанов (0-1).

На завршниот турнир од Светската лига во Венеција забележителен настап имаа и каратистите на „Макпетрол“, Јована Мицовска во категоријата до 61 килограми, Витомир Трајковски (до 84 килограми), Данило Божовиќ (над 84 килограми) и Димитар Лозановски (над 67 килограми).

-Задоволни сме од настапот на сите каратисти од тимот на „Макпетрол“. Успеавме да освоиме еден сребрен медал и остваривме два високи пласмана на седмото место. Успеавме да го продолжиме континуитетот на освојување медали од најелитните карате натпревари. Ова е вкупно 47. медал за нашиот клуб од најелитните Светски карате премиер лиги, во сениорска и младинска конкуренција, изјави тренерот на Макпетрол, Петар Заборски.

На Светската лига во Венеција беа пријавени рекордни 4133 натпреварувачки влезови од 81 држава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.