НА СВЕТОТ МУ СЕ ЗАКАНУВА НОВА ВОЈНА!? Искусен генерал од Германија предупреди на најлошо: Можеме да се одбраниме и ќе се браниме!

Изјавата на искусен генерал од Германија шокираше многумина во Европа – планираат ли Русите напад врз Германија?

Генералот Карстен Брејер, прв човек на германските вооружени сили, за германските медиуми изјави дека стравува дека Русија може да ја нападне Германија и да започне „одбранбена“ војна.

Во интервју за Frankfurter Allgemeine Sonntagskeitung, Карстен Брејер вели дека е загрижен што Русија се вооружува во овој момент. Тој додаде дека Германија ќе мора да се навикне на можноста „еден ден да треба да води одбранбена војна“.

Тешка сообраќајна несреќа, возило излета од патот кај Иљово, делчевско
На 21.09.2024 околу 20.15 часот во ОВР Виница било пријавено дека на регионален пат Виница – Кочани, патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(34) …
Следната недела во Њујорк самит за успорување на климатските промени
Годишната недела на климата во Њујорк koja ќе се одржи следната недела , Генералното собрание на ОН ќе разговараат за тоа како да се соберат илјадници милијарди …

Карстен Брејер беше прашан и дали германската Армија ќе може да се справи со евентуален руски напад врз НАТО, чиј дел е и Германија. Карстен Брејер вели:

„Да. Периодот е таков. Немаме алтернатива. Можеме да се браниме и ќе се браниме“.

Сепак, Карстен Брејер призна дека германската Армија има недостатоци кога станува збор за националната и сојузничката одбрана, бидејќи со години е фокусирана на меѓународниот кризен менаџмент.

„Сега гледаме Бундесвер (вооружени сили на Германија) кој сè уште не е доволно опремен за војна“, вели тој, додавајќи дека има структури кои ги прават брзите и насочени одлуки речиси невозможни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.