Турски пратеник почина по срцев удар во Парламентот

Турски опозициски пратеник почина денеска, два дена откако доживеа срцев удар во Парламентот додека ја критикуваше политиката на владата кон Израел, завршувајќи со зборовите: „Ја имате крвта на Палестинците на вашите раце“.

Осум знаци дека сте изградиле доверба во врската
Сексологот Тим Лот вели дека постојат три важни аспекти за секоја успешна врска: комуникација, почитување и доверба. Да стекнете доверба можеби е и најтешкото нешто од овие три работи. Овие осум знаци покажуваат дека имате …
Во сезоната на вируси и настинки: На сите ни се потребни ОВИЕ витамини
Витамините и минералите ни се повеќе од потребни во сезоната на грипови и настинки и понекогаш мора да ги внесуваме преку суплементи, но за среќа ги има и во храната. Бројни истражувања покажале дека витамините …

Хасан Битмез (54), пратеник од опозициската партија Саадет, почина во болница во Анкара, изјави министерот за здравство Фахретин Коџа во телевизиско обраќање.

На снимката од турскиот Парламент се гледа како Битмез (54) паѓа на подот по говорот во кој ја критикуваше владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган за трговијата на Турција со Израел и покрај војната во Газа и острите критики на турската Влада поради израелските бомбардирања.

„Дозволувате бродови да одат во Израел и бесрамно го нарекувате трговија. Вие сте соучесник на Израел“, рече Битмез во говорот откако постави транспарент на подиумот на кој пишува „Убиец Израел; соработник на АКП“.

– Имате крв на Палестинци на вашите раце, вие сте соработници. Вие придонесувате за секоја бомба што Израел ќе ја фрли врз Газа, им рече тој на пратениците за време на дебатата за буџетот за 2024 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.