Орбан: ЕУ се обидува да ја убеди Унгарија за прашањето за Украина

Европската Унија (ЕУ) се обидува да го надмине спротивставениот став на Унгарија, со цел да се одобри нова финансиска поддршка за Украина и да ги започне преговорите за членство.

Лидерите на ЕУ денес ќе се сретнат во Брисел на последниот самит годинава.

Доаѓа Крстовден, строг пост: Еве што треба, а што не треба да правите на овој празник
На 27 септември е Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст). На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија …
(Фото) Нова провокација од Изети Меџити: Во Обединети Нации се фотографираше со албанското знаме
Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска учествуваше на Самитот на иднината во Обединетите нации. Овој самит собра повеќе од 150 лидери на држави и влади од целиот свет …

Сепак, прво, продолжуваат напорите да се убеди унгарскиот премиер Виктор Орбан за прашањето во врска со Украина.

Според информациите добиени од извори од ЕУ, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, имаа петстрана средба со Орбан пред самитот.

Во својот извештај за проширувањето објавен на 8 ноември, Комисијата на ЕУ препорача почеток на пристапни преговори со Украина.

Подоцна унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека ќе стави вето на оваа одлука којашто треба едногласно да биде донесена во Советот на ЕУ.

Орбан, кој како оправдување за својата одлука ја наведе сериозната корупција во Украина и немањето резултати од западната поддршка во војната, исто така, се противи и на обезбедувањето 50 милијарди евра помош за Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.