Европската Унија ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија

Лидерите на земјите-членки одлучија да ги отворат пристапните преговори со Украина и Молдавија, одобрија кандидатски статус за Грузија, а преговорите со Босна и Херцеговина ќе бидат отворени кога ќе го постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство, изјави претседателот на Европскиот совет.

Сепак, одлуката не беше донесена едноставно.

Доаѓа Крстовден, строг пост: Еве што треба, а што не треба да правите на овој празник
На 27 септември е Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст). На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, …
(Фото) Нова провокација од Изети Меџити: Во Обединети Нации се фотографираше со албанското знаме
Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска учествуваше на Самитот на иднината во Обединетите нации. Овој самит собра повеќе од 150 лидери на …

„Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија, објави Шарл Мишел на социјалната мрежа Х.

Засега не се познати детали кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција за пристапување, ниту кога ќе биде усвоена преговарачката рамка.

Мишел додава дека Грузија добила кандидатски статус.

„ЕУ ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина кога ќе го достигне потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство“, посочува Мишел.

„Јасен сигнал за надеж за граѓаните и нашиот континент, вели претседателот на Европскиот совет.

Лидерите на земјите-членки одлучија дека преговорите со Босна и Херцеговина ќе бидат отворени кога таа ќе ги исполни преостанатите четири критериуми – донесување на три закони и договор со Фронтекс.

Денот беше полн со неизвесност, лидерите разговараа зад затворени врати, имаше многу билатерални разговори во различни комбинации, се бараше решение како да се одговори на заканите на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека ќе стави вето на двете одлуки и на зеленото светло за проширување и финансиска помош од 50 милијарди евра за Украина како дел од ребалансот на европскиот буџет.

Поради ова се одложи и заедничката пленарна седница, која Орбан ја напушти пред гласањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.