Вагнер се ребрендира, руските платеници ќе се нарекуваат нацистички единици во Африка

Францускиот весник „Монд“ објави дека руското Министерство за одбрана создало нов корпус наречен „Африкански корпус“ за да го зајакне своето присуство во Либија и Африка.

Францускиот весник наведува дека во оваа војска ќе има и членови на руската платеничка група Вагнер како и нови регрути, нагласувајќи дека се започнати процедурите за прифаќање на нов персонал, пренесува Телеграф.

Евакуиран аеродромот во Сараево: Патник добил порака за поставена бомба
Меѓународниот аеродром во Сараево, поради анонимна дојава за подметнати експлозивни направи, „ги презеде сите неопходни мерки за да се осигура безбедноста на сите присутни на аеродромот“, соопштија од …
Апасиев: Да видиме кои се граѓани од „втор ред“ во Македонија
Во објава на Фејсбук пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, објаснува кој е граѓанин од втор ред. Во продолжение неговата објава на Фејсбук: – ГРАЃАНИ ОД ВТОР …

Ле Монд појасни дека овие руски реформи во групата Вагнер доаѓаат по меѓусебните посети на либиската и руската делегација, што резултираше со договор меѓу Хафтар и Путин за проширување на руското присуство во Либија и Африка, преку новиот африкански корпус.

Весникот посочува дека Москва преку Министерството за одбрана се обидува повторно да го изгради своето присуство во Африка и да го напушти брендот Вагнер.

Исто така, беше истакнато дека ова ново име е директно инспирирано од „Африканскиот корпус“, германските баталјони кои се бореле во Северна Африка за време на Втората светска војна, под команда на генералот Ервин Ромел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.