Зеленски ги отфрли изборите и најави нова мобилизација: Армијата бара регрутирање на околу половина милион луѓе

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека украинската армија побарала да се мобилизираат меѓу 450.000 и 500.000 луѓе.

– Прашањето е многу чувствително. Армијата укажа на недостигот на работна сила и побара мобилизација на дополнителни 450.000 до 500.000 луѓе. Тоа е сериозна бројка – рече Зеленски на прес-конференција, пренесува „Украинска Правда“.

На средба со дијаспората, само со албанско знаме: Која држава ги плаќа прошетките на Меџити и кое знаме треба да го почитува?!
По којзнае кој пат, Изет Меџити наместо македонското, го употребува албанското знаме и тоа на посети платени од Буџетот на Република Македонија, потпочно од нашите џебови. Меџити деновиве се прошета …
Осомничениот за атентат на Трамп оставил морничава порака: Ќе понудам 150.000 долари…
Човекот осомничен за обид за атентат на Доналд Трамп на терен за голф на Флорида оставил белешка во која пишува дека имал намера да го убие поранешниот претседател на САД, …

Тој додаде дека воените и владините претставници ќе разговараат за ова „чувствително прашање“, по што парламентот ќе ја разгледа дополнителната мобилизација и посочи дека за таква масовна мобилизација ќе бидат потребни дополнителни средства.

– За тоа ќе бидат потребни дополнителни 13,5 милиони долари – рече тој.

Зеленски рече дека нема намера да го потпише законот за мобилизација на жени доколку документот биде усвоен од Рада.

Воедно ја поддржа иницијативата за евентуално намалување на старосната граница за мобилизација.

Тој додаде дека може да го одобри предлогот за промена на старосната граница на оние кои се предмет на мобилизација од 27 на 25 години „доколку ги има потребните аргументи“.

Зеленски изјави дека „никој не знае“ кога ќе заврши војната со Русија и оцени дека Украина би можела побрзо да победи доколку продолжи да се спротивставува.

Тој додаде дека Украина не е блиску до пораз, наведувајќи дека претходно била во потешка позиција.

Зеленски изјави и дека изборите во Украина „не можат да се одржат додека трае војната“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.