ЕВРОПА МОРА ИТНО ДА СЕ ПОДГОТВИ Шефот на белгиската армија: Следните цели на Русија би можеле да бидат Молдавија и Балтикот

По Украина, следните цели на Русија би можеле да бидат Молдавија и балтичките земји, а Европа мора да се подготви и да стави до знаење дека може да се брани, предупреди началникот на Генералштабот на Белгиската армија Мишел Хофман.

Осомничениот за атентат на Трамп оставил морничава порака: Ќе понудам 150.000 долари…
Човекот осомничен за обид за атентат на Доналд Трамп на терен за голф на Флорида оставил белешка во која пишува дека имал намера да го убие поранешниот претседател на САД, а …
Димитријевиќ: Зависник сум од кошарка, Теодосиќ ми е идол!
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ во интервју за „Еурохупс“ зборуваше за различни теми, а една од нив е за неговиот омилен кошаркар. Димитријевиќ импресионира на почетокот во дресот на Олимпија Милано, по …

Хофман изјави за белгискиот весник “VRT” за време на посетата на белгиските војници стационирани во Романија, дека Русија веќе покажа „дека има волја да го нападне својот сосед“.

Хофман изјави дека говорот на рускиот претседател Владимир Путин секогаш е двосмислен и дека е „апсолутно можно тој да има други идеи подоцна”. .

“Европа мора да го соопшти тоа!”– Европа мора итно да се подготви и јасно да стави до знаење дека може да се брани и дека ќе возврати ако е потребно – изјави Хофман, а пренесува бриселскиот портал „Политико“.

Според него, дури и ако руските сили се чини дека моментално се ослабени поради тековната војна против Украина, оваа слабост е „привремена“ ;.

– Ако Русија победи во војната, на крајот ќе ја обнови воената машина и нејзините вооружени сили – предупреди Хофман.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.