Црвеното море ќе биде гробишта за сојузничките држави – Хутите се закануваат дека ќе ја потонат флотата предводена од Америка

Бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран, се заканија дека ќе ги „потонат“ воените бродови на САД и западните сојузници и рекоа дека ќе го претворат Црвеното Море во нивни „гробишта“.

Бизнис инсајдер наведува дека оваа закана дојде во време кога поморските сили предводени од Америка продолжуваат да ги спречуваат нападите извршени од овие екстремисти на тој важен морски пат.

(Видео) Пратеник во српското Собрание го гаѓаше со Устав министерот за локална самоуправа
Пратеник од српското собрание го гаѓаше министерот за локална самоуправа со Уставот, објавија српските медиуми. Пратеникот Александар Јовановиќ Ќута ја фрли Збирката на правилници кон клупите каде што седеа членовите на Владата на …
Орбан доаѓа во Охрид во четврток и петок заедно со делегација од унгарската влада
Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, на 26 и 27 септември ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија, информира владината прес-служба. Премиерот Христијан Мицкоски во петок ќе …

– Ние сме во состојба да ја потонеме вашата флота, вашите подморници, вашите воени бродови – изјави неименуван висок функционер на Хутите , како што пренесе иранската агенција Тасним.

Лојд Остин, американскиот секретар за одбрана во понеделникот го објави започнувањето на операцијата Просперитет Гардијан, чија цел е да се спротивстави на нападите на Хутите врз комерцијалниот брод во Црвеното Море, што предизвика голем број бродски компании да ги пренасочат своите бродови на други рути.

Шефот на Пентагон рече дека во оваа коалиција предводена од Америка се Обединетото Кралство, Бахреин, Канада, Франција, Италија, Холандија, Норвешка, Сејшелите и Шпанија.

Остин рече дека нападите на Хутите во Црвеното Море претставуваат „меѓународен предизвик кој бара колективна акција“.

Се потсетува дека во изминатите два месеци, Хутите лансираа голем број беспилотни летала и проектили на комерцијални бродови што пловеа долж брегот на Јемен како и дека воените бродови на САД , како и оние на американските сојузници Франција и Обединетите Кралство, постојано ги соборуваше тие проектили.

За само еден ден во саботата, американските и британските поморски сили пресретнаа повеќе од десетина беспилотни летала кои доаѓаа од областите под контрола на Хутите во Јемен.

Се наведува дека Хутите ги интензивирале нападите во Црвеното Море од 7 октомври и почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

Хутите ветија дека ќе продолжат, како поддршка на Хамас, да ги таргетираат бродовите поврзани со Израел, па дури и оние кои штотуку патуваат кон израелските пристаништа .

Хамас и Хутите, заедно со либанскиот Хезболах , се дел од сојузот што Иран го нарекува „оска на отпорот“ .

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.