Израелската војска погубила 137 цивили!? Хамас тврди дека ИДФ извршила кратки егзекуции, мртвите наводно фрлени во јама (фото)

Палестинското исламистичко движење Хамас повика денеска на меѓународна истрага за егзекуциите на 137 цивили, наводно извршени од израелската армија во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври.

Владата на Хамас, движењето кое е на власт на палестинската територија на Појасот Газа од 2007 година, наведува дека собрала сведоштва според кои „израелската окупаторска армија извршила кратка егзекуција на 137 палестински цивили во градот Газа и во северните делови на Појасот Газа“.

Владата на Хамас ја обвини израелската армија дека „ископала голема јама источно од градот Газа и таму сместила десетици граѓани кои ги привела пред да ги погуби со огнено оружје“.

Не беше прецизирано кога се случило.

Тие наводи не се независно проверени.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) сè уште не одговориле на овие тврдења.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.