МОЌНА изјава на Новак: Златен Грен слем – секако дека можам да го освојам!

Српскиот тенисер со голем оптимизам ја очекува новата сезонаНовак Ѓоковиќ напорно се подготвува за следната сезона каде покрај стандардните четири Грен слем турнири ќе ги има и Олимписките игри, што сигурно ќе биде посебен мотив за најдобриот светски тенисер.

Песков го обвинини Бајден дека ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ја обвини администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден дека ги поткопува плановите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за решавање на …
Српска „Политика“ за Шекеринска: Македонка во врвот на НАТО!
Македонка во врвот на НАТО, пишува српска „Политика“ по изборот на Радмила Шекеринска за заменик на генералниот секретар на НАТО.Еве што напиша „Политика“ за Шекеринска: Македонка од …

Тој за шпанска „Марка“ откри кои се неговите цели за следната сезона, а допре и до златниот грен слем.

-Дали некој веруваше пред две, три или пет години дека можам да освојам три Грен слемови, луѓето мислеа дека тоа не е реално, додека јас имав спротивно мислење. Едноставно се познавам себеси и моето тело. Ако сум психички и физички на највисоко ниво, мислам дека можам да стигнам до златниот Грен слем – изјави Ѓоковиќ.Најдобриот светски тенисер истакнува дека со оваа изјава не сака да ги омаловажи другите тенисери кои исто така имаат големи амбиции.

Не сакам да звучи без почит кон другите тенисери, бидејќи секогаш внимавам на нив. Има илјадници такви кои се борат за секој Грен слем. Знам кој сум, верувам во себе и тоа е она што ме доведе до овие височини – заврши Ѓоковиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.