УЖАС ВО ЛОНДОН НА БОЖИЌ – Тинејџер (16 г.) убил жена на Бадник, веднаш реагирала полицијата, но сепак било предоцна

Тинејџер (16 г.) е уапсен под сомнение дека убил млада жена (22 г.) прободувајќи ја до смрт во стан во јужен Лондон на Бадник.

Тинејџерот бил приведен од полицајците откако упаднале во стан во Бермондси, јужен Лондон, нешто по 22 часот во неделата по локално време.

Кај жената (22 г.) била констатирана смрт на местото на настанот и покрај сите напори на итната помош, на која и била укажана прва помош по пристигнувањето.

Полицијата соопшти дека осомничениот, 16-годишно момче познато на жртвата, бил уапсен набргу потоа и денес е сослушан од детективите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.