– Во Турција се уапсени 33 лица осомничени за шпионажа за Израел, соопштија денеска турските власти.
Лицата кои се приведени во неколку провинции се осомничени дека шпионирале странски државјани кои живеат во Турција за израелските тајни служби, јави Анадолија.
Се трага по 13 осомничени за истите кривични дела, соопшти турското обвинителство.
Националноста на осомничените не е наведена.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на мрежата Х напиша дека израелските разузнавачки служби подготвуваат „агресија“ или „киднапирање“ на некои шпионирани странци.
Од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, традиционален сојузник на Палестинците, остро го осудува Израел.
Ердоган, кој во 2022 година воведе нова ера во односите со Израел по една деценија напнатост, минатата недела рече дека „нема разлика“ меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Адолф Хитлер.
Ердоган денеска го осуди „обидот за саботажа на Турција и нејзините интереси“ и рече дека ќе го спречи тоа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.