ВОEНИТЕ БРОДОВИ НА КИНА ТРГНАА ВО АКЦИЈА: Во состојба на готовност, со СИТЕ сили ќе ја бранат татковината

Кина се соочува со зголемени тензии во регионот

Кинеската војска ќе спроведува рутински патроли со своите поморски и воздушни сили во Јужното Кинеско Море од среда до четврток, соопшти јужната команда на Народноослободителната војска.

Постојана инспирација за дами со облини: Најдобрите комбинации на Ешли Греам!
Повеќето жени паѓаат во депресија кога ќе накачат некој килограм вишок, штом ќе забележат целулит на телото се тагуваат, стриите им се најголемата нервоза…Сепак, Ешли Греам …
Рускиот јазик ќе се изучува во основните и средните училишта во Куманово, средба Димитриевски со рускиот амбасадор
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, соопшти дека остварил средба со амбасадорот на Русија во Северна Македонија, Сегреј Александровиќ Баздникин.„На средбата се разговараше за повеќе актуелни …

Војниците на кинеската армија ќе бидат во постојана готовност во таа област и, како што велат, ќе го бранат националниот суверенитет, безбедноста и поморските права.

Патролите, исто така, имаат за цел да ги одвратат активностите што ја нарушуваат ситуацијата во Јужното Кинеско Море и создаваат „жешки точки “, соопшти јужната команда на кинеската војска на својот профил WeChat, пренесува Ројтерс. Неодамна, Кина се соочува со растечки тензии во регионот , особено со Филипините .

Пекинг, според весникот Кинески народ, ги обвини Филипините дека се потпираат на американската поддршка за континуирано да ја провоцира Кина, што Манила подоцна го негираше.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.