Украинските воздухопловни сили објавија дека сè уште не можат да ја потврдат изјавата на Соединетите Американски Држави дека Русија користела балистички ракети и лансери доставени од Северна Кореја во последните напади врз Украина.
„Засега немаме информации за употреба на такви ракети. Експертите ќе ги испитаат остатоците и потоа ќе можеме да кажеме дали тоа е факт или не. Засега не можам да потврдам“, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Јуриј Ихнат.
Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби во четвртокот изјави дека Москва истрелала севернокорејска балистичка ракета кон Украина на 30. декември. Според Џон Кирби, вакви проектили биле истрелани и во вторникот како дел од големите напади на Русија. Како што додаде, Северна Кореја и доставила вкупно неколку десетици балистички ракети на Русија.
Footage reported to be showing Russian Army strike with North Korean KN-23 (Hwasong-11Ga) short-range ballistic missile strike on Ukrainian target. pic.twitter.com/PrhtzW1hL1
— Clash Report (@clashreport) January 5, 2024
„Делумно како резултат на санкциите и извозните контроли, Русија станува се поизолирана на меѓународната сцена и е принудена да бара воена опрема од сојузничките земји. Како што јавно истакнавме, една од тие земји е Северна Кореја“, истакна Џон Кирби.
Тој додаде дека ракетите од Северна Кореја имаат дострел од 900 километри, а во замена за ова оружје Москва треба да му достави на Пјонгјанг борбени авиони, ракети земја-воздух, оклопни возила, како и опрема за производство на балистичко оружје и други напредни технологии. Русија исто така преговара со Иран за купување балистички ракети со краток дострел, тврдат официјалните лица од Вашингтон.
Пронајдете не на следниве мрежи:Found in Kharkiv. A photo of what is believed to be a fragment of a North Korean KN-23 (Hwasong-11Ga) ballistic missile. pic.twitter.com/GNnxeOvos7
— Bandera Fella *-^ (@banderafella) January 5, 2024