ИЗРАЕЛ ЛИКВИДИРАШЕ ВИСОК КОМАНДАНТ НА ХЕЗБОЛАХ – Во бомбашки напад загина лидерот на елитната единица

Во нападот на израелската Армија (ИДФ) на југот на Либан, убиен е заменик-командантот на елитната единица на Хезболах – Радван, потврдија денеска три добро информирани безбедносни извори кои го идентификуваа паднатиот офицер на Хезболах како Висам ал Тавил.

Злато за таеквондиската Ведрана Тунески во Тирана!
Македонската таеквондистка Ведрана Тунески освои златен медал на на Е2 Тирана Опен Кадети во конкуренција до 41 килограм. До златото, таа стигна со четири убедливи победи, …
ОРБАН ЗА ЗАЕМОТ ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА: Кинески пари не можеме да ви даваме, но европски пари можеме и ќе ви ги даваме
Кинески заем и кинески пари не можеме да даваме, бидејќи Унгарија со Кина има договор сите пари кои доаѓаат од Кина да одат на конкретни проекти …

За медиумската агенција Reuters беше потврдено од истите извори дека Висам ал Тавил и уште еден борец на Хезболах биле убиени во нападот на ИДФ, кога нивниот автомобил бил погоден со проектил во либанското село Мајдал Селм.

„Ова е многу болен удар“, изјавил еден од безбедносните извори, додека друг оценил дека „ситуацијата сега ќе се разгори“.

Откако започна меѓуграничната размена на оган меѓу Израел и Хезболах, откако Хамас ја нападна израелската територија на 7. октомври, во израелските воени операции загинаа повеќе од 130 членови на Хезболах во јужен Либан, а други 19 беа убиени во Сирија.

Генералниот секретар на Хезболах, Саид Хасан Насрала го предупреди Израел во две телевизиски обраќања минатата недела да не започне војна во Либан.

„Кој мисли на војна со нас, накратко му велам дека ќе зажали“, порача Саид Хасан Насрала.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.