ВИДЕО | НА ПЛАЖА ПРОНАЈДЕНИ ОСТАТОЦИ ОД ЏИНОВСКО МОРСКО ЧУДОВИШТЕ – Жителите шокирани од големината на лешот, погледнете!

Остатоци од џиновска ајкула се пронајдени на плажа во југозападниот дел на Велика Британија.

Трупот, долг околу четири и пол метри, бил откриен во петокот на песочните брегови во близина на Форт Перч Рок на устието на заливот Ливерпул. Остатоците ги открил жителот на Њу Брајтон, Стивен Дејвис (72 г.) додека бил излезен на утринско трчање.

„Трчав на плажата и мислев што може да биде затоа што изгледаше прилично големо. Зборував со еден рибар кој ми кажа дека тоа е ајкула што мислам дека не е вообичаена овде. Никогаш не сум сретнал нешто слично“, рекол Стивен Дејвис.

Ајкулата е втора по големина риба пронајдена во морињата во Велика Британија. Животното полека се движи, а во својата огромна уста, која може да биде широка и до еден метар, собира ситен зоопланктон.

Wildlife Trust пишува дека видот обично се гледа во летните месеци и е познато дека ги населува бреговите на југозападна Англија, Велс, островот Ман, западна Шкотска…

И покрај нејзината огромна големина, мртвата ајкула пронајдена во Њу Брајтон се смета дека била малолетна, бидејќи целосно израснатите ајкули можат да бидат долги и до 12 метри и можат да тежат до шест тони.

Пронајдете не на следниве мрежи: