Грција: Го убил шурата кога дознал дека со години му ја силувал ќерката

Маж од грчкиот град Волос со пушка го убил својот шура откако дознал дека со години му ја силувал ќерката.

Според грчките медиуми, 50-годишниот Грк по убиството сам се предал во полиција.

КОЈ Е ИБРАХИМ АКИЛ? Беше фигура во сенка на Хезболах
Ибрахим Акил, познат и како Тахсин, е клучен оперативец на Хезболах од основањето на групата во раните 1980-ти, јави Ал Џезира. Терористичката организација …
УЧЕНИК СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЛ ВРСНИК – Мајката пријавила во полиција!
Мајка од Скопје вчера пријавила во полиција дека нејзиниот син бил сексуално вознемируван од негов соученик во основно училиште во главниот град. „На …

Се наведува дека осомничениот со пушка, која законски ја поседувал, пукал и го убил 33-годишниот брат на сопругата, а потоа доброволно и се предал на полицијата, признавајќи го делото.

Уапсениот маж наводно и рекол на полицијата дека решил да го убие својот шура во вторникот наутро, откако неговата 18-годишна ќерка му открила дека нејзиниот вујко ја силувал од нејзината деветта година.

Рекла дека вујко и ја уценувал дека ќе ги објави снимките и фотографиите од нивната врска.

Полицијата ја запленила пушката, а истрагата продолжува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.