Стана вирална на социјалните мрежи: Израелска манекенка наоружана влезе во студио

Израелската манекенка Натали Дадон се појави во ТВ студио вооружена со пиштол, а фотографијата ја сподели на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции поради позадината на војната во Израел и борбата на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир да обезбеди оружје за цивилите.

Многумина се убедени дека таа го добила оружјето затоа што е блиска со министерот. Поранешниот израелски фудбалер Гил Вермут ја нападна манекенката на социјалните мрежи и рече дека е „срамно“ што таа го добила пиштолот пред него, нарекувајќи ја „пријателка на министерот“.

„Јас, резервниот офицер, кој ги исполнувам сите критериуми, сè уште немам добиено оружје, иако се пријавив пред три месеци. Националистичката маскота Натали Дадон, пријателка на криминалецот Бен-Гвир кој се бореше со ,,непослушните влакна на веѓите”, сепак доби“, се жалеше тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.