– Портпаролот на Хутите Мухамед Абдулсалам рече дека ставот на јеменската бунтовничка група за војната во Газа не е променет по американско-британските напади врз Јемен.
„Нападите врз израелските бродови и бродовите кои одат кон пристаништата на окупирана Палестина ќе продолжат“, изјави Абдулсалам за британски медиуми.
Набрзо по неговата изјава Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) издаде предупредување за напад во близина на брегот на Јемен.
Пентагон подоцна потврди дека станува збор за товарен брод, во сопственост на САД.
„Противбродска балистичка ракета истрелана од јеменските проирански Хути милитанти погоди транспортен брод во американска сопственост што пловел под знамето на Маршалските Острови“, објави Пентагон на социјалната мрежа Х, порано Твитер.
Во соопштението се наведува дека при нападот од бродот не се пријавени повредени или значителна штета и бродот го продолжил патувањето.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.