– Кина денеска ги предупреди Филипините да не си „играат со оган“ во врска со прашањето за Тајван и да престанат да испраќаат погрешни сигнали до сепаратистичките сили на островот.
- Црна Гора го укина безвизниот режим за РуситеЦрна Гора одлучи да го укине безвизниот режим за руските… Read more: Црна Гора го укина безвизниот режим за Русите
- Видео од чуден мајмун објавено во Конго, за кој сега е потврдено дека е нов видНаучниците го потврдија откривањето на нов вид мајмун во шумите… Read more: Видео од чуден мајмун објавено во Конго, за кој сега е потврдено дека е нов вид
- Мицкоски од Дебарца: Со поддршката за општините се реализираат околу 1.200 проекти низ државатаЈас немам што да додадам повеќе од тоа што го… Read more: Мицкоски од Дебарца: Со поддршката за општините се реализираат околу 1.200 проекти низ државата
- Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните гориваПо ескалацијата на Персискиот Залив, Владата ќе ги намалува акцизите… Read more: Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива
- ИОМ:Во Македонија стапката на наталитет е ниска, има демографска кризаСпоред Извештајот за миграција во светот за 2026 година (ИОМ),… Read more: ИОМ:Во Македонија стапката на наталитет е ниска, има демографска криза
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на редовен брифинг со новинарите рече дека честитките на филипинскиот претседател Фердинанд Маркос до новоизбраниот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те сериозно го прекршиле принципот на „една Кина“ и декларацијата за воспоставување дипломатски односи меѓу Пекинг и Манила, јави кинеска новинска агенција.
Мао истакна дека оваа честитка претставува и грубо мешање во внатрешните работи на Кина.
„Кина силно се спротивставува на ова и вложи силен протест до Филипините“, рече Мао, истакнувајќи дека помошник – министерот за надворешни работи Нонг Ронг изутрината упатил демарш до филипинскиот амбасадор во Кина и ја повикал филипинската страна да даде објаснување за честитката на Маркос.
„Изборните резултати во Тајван нема да ја променат основната шема и насока на развој на односите и нема да го запрат општиот тренд на конечно и неизбежно обединување на Кина“, посочи Мао.
Таа му предложи на филипинскиот претседател да чита повеќе книги за, како што рече, правилно да ги разбере деталите за проблемот со Тајван и од тоа да ги извлече вистинските заклучоци.
Пронајдете не на следниве мрежи:



