Полицијата и форензичарите сe уште го „чешлаат“ супермаркетот во Мерфелден-Валдорф, Германија, каде маж (48) синоќа брутално ја убил својата поранешна партнерка, а потоа се самоубил.
Убиецот испукал неколку куршуми кон несреќната жена, која работела во супермаркетот како касиерка, а потоа си го одзел животот.
- Јаневска: Околу 4.000 првачиња сè уште не се запишани, но конечните бројки ќе бидат познати до крајот на септемвриОколу 4.000 деца кои годинава треба да започнат со настава во прво… Read more: Јаневска: Околу 4.000 првачиња сè уште не се запишани, но конечните бројки ќе бидат познати до крајот на септември
- Зошто доматите во вашата градина не напредуваат? Овие грешки можат да ги уништат вашите растенијаМногу градинари со нетрпение очекуваат бујни растенија полни со зелени плодови, само… Read more: Зошто доматите во вашата градина не напредуваат? Овие грешки можат да ги уништат вашите растенија
- Латвија пронајде тунел за мигранти на границата со Белорусија, уапсени 15 мигрантиЛатвиските власти открија тунел што го користеле мигрантите за нелегално преминување на… Read more: Латвија пронајде тунел за мигранти на границата со Белорусија, уапсени 15 мигранти
- Тинејџерите кои јадат појадоци богати со протеини подоцна донесуваат поздрави одлуки за хранаМногу тинејџери го започнуваат денот без појадок, но новите истражувања сугерираат дека… Read more: Тинејџерите кои јадат појадоци богати со протеини подоцна донесуваат поздрави одлуки за храна
- Два брода со повеќе од 200 туристи се судрија кај грчкиот остров КрфДва туристички брода се судрија денеска во близина на островот Антипаксос во… Read more: Два брода со повеќе од 200 туристи се судрија кај грчкиот остров Крф
Сè се случило околу 19 часот и 15 минути, додека продавницата била преполна со муштерии. Според медиумите, жртвата била на касата, а не се знае дали во тој момент послужувала некого или чекала муштерија да пријде.
Кога одекнале истрелите, во продавницата настанал хаос, а очевидци тврдат дека не можеле да го напуштат супермаркетот, бидејќи работниците ги заклучиле вратите.
Полицијата смета дека жената била убиена затоа што нејзиниот поранешен партнер не можел да се помири со раскинувањето.
,,Доказите укажуваат дека зад мотивот се крие неуспешна љубовна врска“, рече државниот обвинител и додаде дека истрагата сè уште е во тек.
Убиената жена и убиецот раскинале пред околу шест месеци, а претходно живееле заедно. Во овој момент сè уште се проверува дали имало пријави за насилство додека биле во врска, како и дали имало некакви наредби за задржување.
Убиецот, како што соопшти обвинителството, немал дозвола за оружје, а телата се испратени на обдукција. На местото на настанот полицијата пронашла неколку чаури, а засега не се знае од кое оружје се пукало.
Пронајдете не на следниве мрежи:



