Полицијата во Естонија уапси универзитетски професор со руско потекло под сомнение дека шпионирал за Москва.
Службата за внатрешна безбедност на Естонија (ISS) објави дека покренала истрага против Вјачеслав Морозов, руски државјанин и професор по меѓународна политика на престижниот универзитет во Тарту, бидејќи наводно бил вклучен во разузнавачки активности чија цел била поткопување на националната безбедност на земјата.
- Необичен експеримент во Лисабон, пуштени се 30 илјади комарци кои не касаатОколу 30.000 стерилни машки комарци ќе бидат пуштени овој четврток во областа Алваладе, во Лисабон,… Read more: Необичен експеримент во Лисабон, пуштени се 30 илјади комарци кои не касаат
- ФРАНЦИЈА СТРАВУВА ОД АМЕРИКАНСКА ЗАБРАНА ЗА ИЗВОЗ НА ДИЗЕЛМожната американска забрана за извоз на дизел се претвора од американско политичко прашање во глобален… Read more: ФРАНЦИЈА СТРАВУВА ОД АМЕРИКАНСКА ЗАБРАНА ЗА ИЗВОЗ НА ДИЗЕЛ
- Градот што мириса на чоколадо: Шарениот рај на медитеранскиот брег крие посебна приказна Виљахојоса, што на валенсиски Ла Вила Џојоса значи „Веселиот град“, е едно од најшармантните и… Read more: Градот што мириса на чоколадо: Шарениот рај на медитеранскиот брег крие посебна приказна
- Џастин Бибер снимен во парк познат по продажбата на дрога: „Горат“ социјалните мрежиПејачот Џастин Бибер одржа ненајавен бесплатен акустичен концерт во паркот Макартур во Лос Анџелес пред… Read more: Џастин Бибер снимен во парк познат по продажбата на дрога: „Горат“ социјалните мрежи
Деталите за неговите наводни разузнавачки активности не беа објавени „бидејќи се преземаат процедурални чекори за проверка на наводите“.
Во заедничката изјава на ИСС и обвинителите, се наведува дека ова е еден од над 20-те случаи и дека ја претставува „желбата на руските разузнавачки служби да се инфилтрираат во различни области од естонскиот живот, вклучително и научниот“.
Универзитетот во Тарту е најголемиот и најстариот во Естонија, основан во 1632 година.
Естонските медиуми објавија дека Морозов таму работел како професор по студии за односите меѓу Европската унија и Русија од 2016 до 2023 година, а до 1 јануари 2023 година предавал меѓународна политичка теорија.
Според информациите од неговиот Фејсбук профил, Морозов е поранешен вонреден професор на Државниот универзитет во Санкт Петербург, една од најреномираните академски институции во Русија.
Пронајдете не на следниве мрежи:



