Девојка изела колач во ресторан и починала! Ана (20) со момчето била на вечера кога започнал ужасот

Ана Белисарио (20) почина на 5 февруари минатата година во болницата Сан Рафаеле во Италија, откако доживеа анафилактичен шок додека вечераше со своето момче во ресторан за брза храна во Милано на 26 јануари.

Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска (член на ДКСК) од наставен кадар откако Телма ја праша Антикорупциска за нејзин можен судир на интерес
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја отстрани сликата на Цвета Ристовска од списокот на наставниот кадар на кој Ристовска се наоѓаше повеќе од десет …
Кортни Кардашијан ги надмина сите, па дури и нејзината сестра Ким: Нов божиќен хит со Дедо Мраз (фото)
Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг Тревис Баркер го прославија Божиќ на интимен и романтичен начин, додека познатата инфлуенсерка изгледаше како вистински Дедо Мраз. За време на оваа …

Покрената е истрага за смртта на 20-годишната девојка, бидејќи Ана била алергична на млечни производи, а и’ бил послужен тирамису десерт кој бил направен со млеко, а воедно таа била и веган.

Две жени кои водеа слаткарница и беа одговорни за снабдување на ресторанот со десерти се под истрага за убиство од небрежност. Прелиминарната истрага сугерира дека осомничените ја измешале нарачката за вегански слатки со десерти што содржеле млеко, што резултирало со фатален исход за младата девојка, пишува италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“.

Во извештајот од истрагата се тврди дека компанијата не спречила мешање на две производни линии во лабораториската слаткарница, која во тоа време снабдувала 63 италијански ресторани со веганскиот производ Тирамису.

Во реконструкцијата, која беше направена во понеделникот, речиси една година по смртта на Ана, обвинителите тврдат дека не се почитувало одвојувањето на состојките и дека персоналот не добил соодветна обука, освен четиричасовен курс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.