Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека на средбата со неговиот украински колега Денис Шмигал, закажана за 24 јануари во Ужгород, ќе соопшти дека неговата земја ќе го блокира членството на Киев во НАТО, бидејќи тоа би предизвикало трета светска војна.
„Знам со што одам (на средбата со украинскиот премиер), одам со хуманитарна помош, како и со потврда дека нема да добијат оружје од словачката армија и од државните магацини. Ќе кажам дека има работи за кои нашите ставови се сосема различни“, нагласи премиерот на Словачка.
- Без струја денеска делови од општините Бутел, Сопиште, Центар и ИлинденОд ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе… Read more: Без струја денеска делови од општините Бутел, Сопиште, Центар и Илинден
- Поднесено обвинение за оштетување на куќата на Малески во СтругаОсновното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против вкупно 6 лица… Read more: Поднесено обвинение за оштетување на куќата на Малески во Струга
- НОВ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ САУДИСКА АРАБИЈА: ХУТИТЕ ИСПУКАЛЕ ДЕСЕТИЦИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ И ДРОНОВИ КОН ЏАЗАННова сериозна ескалација на јужната граница на Саудиска Арабија. Јеменското движење… Read more: НОВ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ САУДИСКА АРАБИЈА: ХУТИТЕ ИСПУКАЛЕ ДЕСЕТИЦИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ И ДРОНОВИ КОН ЏАЗАН
- Делови од Гази Баба и Центар денеска без водаОд ЈКП Водовод и канализација известуваат дека денеска без вода ќе… Read more: Делови од Гази Баба и Центар денеска без вода
- Облачно и постудено со повремени врнежи од дождОблачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат… Read more: Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд
Кога станува збор за аспирацијата на Украина за влез во Европската унија, Фицо рече дека „ние го почитуваме тоа, но тие мора да ги исполнат условите“.
„Ќе кажам дека сум против членството на Украина во НАТО, дека ќе го искористам правото на вето и ќе го блокирам, бидејќи тоа би била основата на Третата светска војна“, додаде тој.
Според него, средбата закажана за 24 јануари во Ужхород ќе биде „интересна“, а додаде дека украинската страна не сака да одржи прес-конференција за нејзините резултати.
Словачката влада претходно одлучи да се фокусира на хуманитарната помош и да престане да испраќа оружје во Украина.
Владата на чело со Роберт Фиц не го одобри предлогот на претходната влада за испраќање нов пакет воена помош за Украина во вредност од 40,3 милиони евра.
Тој пакет воена помош требаше да биде 14-ти од Словачка, а од почетокот на конфликтот таа земја испратила оружје, муниција и опрема во Киев во вредност од 671 милион евра.
Пронајдете не на следниве мрежи:



