Вооружените сили на Русија денеска околу 12 часот по средноевропско време спречија нов напад на Крим. Обид за напад со ракети со авијација.
Руските системи за противвоздушна одбрана соборија две ракети над Црното Море, во близина на западниот брег на полуостровот, соопшти руското Министерство за одбрана. Малку подоцна Министерството за одбрана на Руската Федерација додаде дека била соборена уште една ракета.
Од Министерството наведуваат дека се работи за обид за терористички напад.
- Ова е српското место кое има најмногу сончеви часови и е обожавано од странците: Медицинскиот спа центар руши рекордиНа Фрушка Гора се наоѓа бањата Врдник, позната надалеку по својата убавина… Read more: Ова е српското место кое има најмногу сончеви часови и е обожавано од странците: Медицинскиот спа центар руши рекорди
- Тој има дванаесет деца со шест жени и многумина се заинтересирани за едно нешто – дали ќе има уште?Комичарот Ник Кенон, исто така татко на дванаесет деца, тврди дека отсекогаш… Read more: Тој има дванаесет деца со шест жени и многумина се заинтересирани за едно нешто – дали ќе има уште?
- АТС Грoуп: Компанијата не е и нема да биде инструмент за дневно-политички пресметкиАТС Грoуп ги отфрла политичките конструкции и обвинувања во кои името на… Read more: АТС Грoуп: Компанијата не е и нема да биде инструмент за дневно-политички пресметки
- РУСКИТЕ НАПАДИ ЈА ПАРАЛИЗИРАА УКРАИНСКАТА ЧЕЛИЧНА ИНДУСТРИЈА: ФАБРИКИ ШТО ПРОИЗВЕДУВАА 90% ОД ЧЕЛИКОТ ЗАПРЕА СО РАБОТАУкраинската металургија се соочува со една од најтешките кризи од почетокот на… Read more: РУСКИТЕ НАПАДИ ЈА ПАРАЛИЗИРАА УКРАИНСКАТА ЧЕЛИЧНА ИНДУСТРИЈА: ФАБРИКИ ШТО ПРОИЗВЕДУВАА 90% ОД ЧЕЛИКОТ ЗАПРЕА СО РАБОТА
- Крмов се сретна со претставници од Европскиот парламент: „Дискриминацијата и цензурата на Левица ќе бидат нотирани во европските извештаи“Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, оствари средба со претставници… Read more: Крмов се сретна со претставници од Европскиот парламент: „Дискриминацијата и цензурата на Левица ќе бидат нотирани во европските извештаи“
Гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, на Телеграм објави дека ракета била отфрлена во близина на Севастопол, главниот пристанишен град на Крим и базата на руската Црноморска флота.
Гувернерот на Херсонската област Владимир Салдо исто така изјави дека над тој регион биле соборени два проектили на вооружените сили на Украина, кои биле испратени на Крим. Прогласена е ракетна закана на територијата на областа.
Во меѓувреме, податоците на познатиот веб-сајт „Флајтрадар24“ покажуваат дека непознат авион на американската морнарица летал во близина на западниот брег на Крим за време на украинските напади на полуостровот, пренесува ТАСС.
Авионот, како што се наведува, летал на оддалеченост од околу 250 километри од брегот во воздушниот простор на Романија, над Црното Море.
Траекторијата на авионот открива дека авионот го започнал својот лет на Сицилија, во близина на американската база во Сигонела.
Да потсетиме, денеска во истите часови украинската армија изврши напад на Доњецк, во кој животот го загубија најмалку 25 лица, а 20 се ранети.
Пронајдете не на следниве мрежи:



