Барселона е на добар пат да ја освои шампионската титула во Шпанија, но испадна од трката за трофејот во Купот на Кралот.
По елиминацијата од Реал во полуфиналето, в.д. тренерот на Барселона, Џорди Роура го призна поразот. „Влеговме одлично во натпреварот, имавме неколку шанси, но Реал беше ефикасен, многу ефикасен. Во второто полувреме исто така беа добри, а третиот гол нè нокаутира“, рекол Руора додавајќи дека овој натпревар неговите играчи треба веднаш да го заборават. „Ова сега е минато, но не мислам дека Реал беше супериорен. Сепак првенството е најважно, а мораме добро да се подготвиме и за реваншот со Милан во Лигата на шампиони. Нормално е дека по овие два поразa (Милан и Реал) дека сме разочарани, но не смееме да го загубиме оптимизмот. Одиме понатаму.“ Барселона и Роура веќе в сабота ги очекува ново соочување со Реал, во Мадрид двата тима ќе го одиграат дуелот од 26.коло во Примера, натпреварот ќе започне во 16 часот. Барселона во првенството води со 68 бодови, додека Реал со 16 бодови помалку се наоѓа на третото место.
Макфакс
Барселона е на добар пат да ја освои шампионската титула во Шпанија, но испадна од трката за т