Австриското Министерство за внатрешни работи денеска предупреди на значително зголемување на бројот на крајно десничарски екстремисти во земјата, иако точниот број е тешко да се процени.
Словенечката агенција СТА објави дека двајца мажи биле уапсени во две одделни операции против десничарскиот екстремизам во Австрија. Поради наводна вмешаност во меѓународната супремацистичка група „Feuerkieg Division“ неодамна бил уапсено 20-гоишно момче. Тоа во моментов се уште е во притвор, а истрагата е во тек. Агенцијата додава дека во друга акција уапсен е и 40-годишен маж поради наводна поддршка на нацистичката идеологија.
- Делови од Гази Баба и Центар денеска без водаОд ЈКП Водовод и канализација известуваат дека денеска без вода ќе останат: · Поради… Read more: Делови од Гази Баба и Центар денеска без вода
- Облачно и постудено со повремени врнежи од дождОблачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот… Read more: Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд
- Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид АлсубусиПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, со седиште во… Read more: Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси
- Британскиот премиер по 40 години го враќа пиењето пиво на трибинитеБританскиот премиер Енди Барнам изјави дека забраната за пиење алкохол на трибините е застарена… Read more: Британскиот премиер по 40 години го враќа пиењето пиво на трибините
- Франција испраќа војници и ПВО во Саудиска Арабија: Макрон ќе го штити клучниот нафтен центар ЈанбуФранција ќе распореди војници, радари и системи за противвоздушна одбрана во Саудиска Арабија за… Read more: Франција испраќа војници и ПВО во Саудиска Арабија: Макрон ќе го штити клучниот нафтен центар Јанбу
Австрискиот министер за внатрешни работи, Герхард Карнер, овие акции ги смета за важен успех во борбата против десничарските екстремисти. Министерството предупреди на очигледно поголема зачестеност на овие групи, иако е тешко да се процени точниот број на нови поддржувачи.
Во Австрија најголемиот предизвик на полето на десничарскиот екстремизам е таканаречената Нова десница, особено идентитарното движење и групата ДО5, која ја зајакна својата структура главно на сметка на минатите кризи, вклучително и пандемијата на Ковид-19, војната во Украина и инфлацијата, оценува министерството.
Лидерот на австриското идентитарно движење, Мартин Селнер, неодамна потврди дека присуствувал на состанокот во Потсдам во ноември, на кој учествувале и претставници на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). На состанокот се разговарало за план за масовна депортација на луѓе од Германија, неодамна откри германскиот непрофитен истражувачки институт Коректив.
По ова шокантно откритие во германските градови редовно се одржуваат протести против десничарските екстремисти, на кои се собираат стотици илјади луѓе.
За во петок е најавен и протест во Виена.
Пронајдете не на следниве мрежи:



